Божикни и новогодишни каланди пред Владиката и Старец г. Партениј Игумен Бигорски

Описание к видео Божикни и новогодишни каланди пред Владиката и Старец г. Партениј Игумен Бигорски

На празникот Обрезание Господово и споменот на Свети Василиј Велики, 1/14 јануари 2020 година, пред Владиката г. Партениј, братството и сестринствата беа изведени неколку бадникарски и новогодишни песни, т.н. каланди, коишто се пееле во периодот од Рождеството Христово – Божик, па сè до после Обрезанието Христово и Новото лето Господово. Со благослов и со огромна поддршка и соработка од страна на Епископот г. Партениј, досега се возобновени или воскреснати повеќе древни божикни и новогодишни каланди. Дел од нив потекнуваат уште од византиско време, од ромејската култура и цивилизација чиј дел и наследство сме и ние, а дел се традиционални македонски словенски песни – некои запаметени по предание, а други запишани во зборниците на народни умотворби.

За подготовката на текстовите и на хорот и за аранжирањете на музиката за годинешниве каланди најмногу се потрудија јероѓакон Анатолиј и монахиња Касијана.

Текстовите на песните можете да ги најдете на следниот линк:
https://bigorski.org.mk/kolumni/tekst...

Каланди:
0:00 Сурова година, весела година (народна новогодишна каланда)
03:58 Вечниот Бог (народна коледарска песна)
06:09 Вечниот Бог (од Корнилиј Козмидис Синаит)
10:22 Тројца цареви од Персија (народна коледарска песна)
13:32 Христос се роди денес (смирненска варијанта)
18:59 Христос се роди денес (македонска варијанта)
24:11 Сива, сива гулабице (дебарска коледарска песна)
27:39 Христос се раѓат, на светот Радост (Народна коледарска песна)
32:14 Сношти Христос ни се роди (Народна коледарска песна)



Благодарност до Ване Наков - Фолклорен Ансамбл “Етнос”

„Чалгии Мерак“, во состав:
Тасос Иоанну - кларинет
Шериф Мустафа - деф
Иван Божиновски - виолина
Филип Михајлоски - канон
Оливер Настовски - ут

Пеат: Јована Јакимоска, Исидора Грбиќ, Евангелија Грбиќ, Евангелиа Милосавлевска

Музички продуцент - Бојан Угриновски

Видео продукција и монтажа - Александар Пауновски
Камера - Александар Котевски, Александар Пауновски



Преку овие бадникарски и новогодишни песни верниот народ сакал, на некој начин, и надвор од храмовите да го слави Рождеството Христово и другите празници поврзани со него или што се слават во тој период. Она што навистина воодушевува е длабокото познавање на православната теологија, којашто наоѓа значајно место во народните стихословија, покрај, се разбира, и традиционалните фолклорни елементи.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке